Киропрактика
Внимателна манипулација на 'рбетот и зглобовите за враќање на подвижноста и намалување на притисокот врз нервите.
Киропрактика и мануелна терапија кај Д‑р Јане Митев во Струмица. Врат, крст, ишијас и главоболки.
Ако се препознавате во нешто од ова, повикот е бесплатен и одговараме секој работен ден.
Киропрактичар, Ројал Масажа Струмица
Секој третман почнува со разговор и преглед. Прво се бара од каде доаѓа болката, а дури потоа се работи на неа. Тоа е причината зошто првата посета трае подолго од останатите.
Во салонот се работи и со раце и со апарат за длабока терапија, зависно од тоа што му треба на телото. Целта е иста секој пат: помалку болка и повеќе движење.
Третманите се комбинираат според наодот од прегледот, а не според фиксен пакет.
Внимателна манипулација на 'рбетот и зглобовите за враќање на подвижноста и намалување на притисокот врз нервите.
Работа со раце врз напнати мускули, вкочанети рамења и болни точки околу вратот и крстот.
Длабока терапија таму каде што рацете не стигаат доволно длабоко.
Растоварување на притиснатиот нерв и работа врз мускулите што ја држат болката.
Проценка на држењето и третман на повреди од тренинг или од долго седење на работа.
Материјалите што ги делиме на нашата страница на Facebook, за да знаете што се случува во вашиот 'рбет пред да дојдете.
Салонот е во центарот на Струмица. Јавете се однапред за да го добиете терминот што ви одговара.